Леонард Коен: Како да започнам нешто ново, со сето тоа минато во мене?

Леонард Коен е еден од најдобрите музичари на сите времиња. Вистински поет во светот на музиката. За жал тој нѐ напушти и отиде низ истата онаа пукнатина низ која светлото влегуваше во нашиот живот. Сакаше, беше сакан, пишуваше, создаваше и пееше. Затоа останува вечно во сеќавањето преку своите изреки кои го пронајдоа патот кон нас. Имаше објевено две збирки со поезија, а на повеќето луѓе тешко им е и со 1000 зборови да го опишат тоа што тој го опишуваше во неколку зборови.

„Песимистите се луѓе кои носат чадор дури и кога нема облаци.“

„Ниту една жена не е толку убава за да не сака за нејзината убавина да се зборува во стихови.“

„Постојат пукнатини секаде. На тој начин влегува светлината.“

„Поезијата е само доказ за животот. Ако твојот живот горел со убав пламен, тогаш поезијата е само пепел.“

„Однесувај се онака како што би сакал еден ден да бидеш и наскоро ќе бидеш како што си се однесувал.“

„Децата ги покажуваат своите лузни како медали. Љубовниците ги користат како тајни за откривање. А тие се доказ дека и зборовите се од крв и месо.“

„Како да започнам нешто ново, со сето тоа минато во мене?“

„Не сакам да пишувам за пари, сакам да бидам платен за она што го пишувам.“

„Те имам како навика и никогаш нема да ми биде доста од тебе.“

„Јас сум само турист во твојот кревет кој ужива во погледот.“