Легендите се собраа: Хероините на Кометал Ѓорче Петров заедно 15 години по освојувањето на историската титула! (ГАЛЕРИЈА)

Македонија уште го памети тимот на Кометал Ѓорче Петров, а генерации и генерации слушаат за македонскиот тим кој на 19 мај, 2002 година ја покори Европа и дојде до првиот тимски европски трофеј во нашата земја, пренесува Gol.mk.

По тој повод, деценија и пол подоцна, легендите се собраа на едно место. Дину, Инди, Велкова, Будимир, Кисељева, Нацева... и останатите хероини на Кометал седнаа едни до други и евоцираа спомени од шампионските денови.

Насмевката на лицата беше евидентна, а целата церемонија еруптира кога од звучникот грмна „Кометал шампионе“. Песна која ќе живее засекогаш, во чест на великанот кој направи Македонија да биде горда.