Легализирана уште 51 дивоградба во Кисела Вода

Општина Кисела Вода додели 51 ново решение за легализација на бесправно изградени објекти со што бројот на решени предмети изнесува 5.336 од пристигнатите 13.855 барања за легализација

Општината соопшти дека бројот на поднесени барања без геодетски елаборат досега изнесува 3.420.

Изготвени се и 239 урбанистички согласности, од кои за 174 се чека уплата на надоместокот за да може да продолжи постапката за изготвување на решенијата за легализација.

Општината ги повика граѓаните кои ја немаат комплетирано документацијата, што поскоро да ја достават до административните служби.