Латино џез вечер со Тумбао Салса Бенд на плоштадот Мајка Тереза

Тумбао Салса Бенд постои десетина години и интерпретира традиционална кубанска салса музика, бразилска самба и латино џез музика, и на свој сопствен начин ја поврзува со Македонската народна музика.

За себе ќе кажат: 'свириме музика која ни доаѓа од срцето'. Кога Тумбао салса бенд свири, афро-кубанската латино еуфоријата е загарантирана! Скопски Летен Ритам го има задоволството да ве покани оваа среда (12.07) на плоштадот М. Тереза (пред МОБ) да го проследите овој концерт со почеток од 20.30часот.

Тумбао салса бенд се:

Билјана Ѓошева - главен вокал
Петар Ренџов - гитара
Арсо Јаневски - конги и перкусии
Дамир Имери - клавијатури
Сашко Николовски - тромбон
Киро Кузмановски - саксофон; флаута
Ставре Ставрев - тапани
Горан Гешовски - бас
Сенат Усеин – труба