Ладна вода за минувачите низ центарот на градот

Поради високите темпратури во претстојните денови, тимови на Црвен Крст обезбедија вода за пиење за минувачите низ центарот на градот.
- Сé додека траат екстремно високите температури, во најтоплиот период од денот, мобилните тимови на Црвениот Крст на Град Скопје ќе делат вода на граѓаните затекнати на сончеви и топли места. Воедно, апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлото време - информираше градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.