Купишта ѓубре низ до скоро најчистата општина во градот - Аеродром

Ова е денешната слика од Општина Аеродром некогаш најчистата општина во Скопје.

Жители на општината секојдневно објавуваат фотографии од нехигиената низ населбите на оваа општина и се жалат на нефункционалноста на локалната самоуправа.

Тука секако се споменува и некултурата на одредени сожители кои и покрај тоа што живеат во урбана средина не се однесуваат според правилата на урбано и колективно живеење.