Купени кифлички, купени колачи, купена торта – Современ живот на македонските домаќинки

Со текот на времето како одат годините напред, така и многу работи се менуваат. Во минатото се, се спремаше дома, без разлика за што станува збор. Слава, роденден, свадба, домаќинките со денови ги спремаа основните работи.

Во минатото и домаќинките не оделе на работа. Обично жените биле дома, задолжени со еден куп домашниобврски, а мажите биле тие кои работеле.

Денеска времето е сменето. Жените се изедначени со мажите.

Денеска на секој агол можеш да најдеш слаткарница, само со поглед да ги изедеш колачите. На секоја страна има пекара, од каде мириса на убави кифлички.

Домаќинките повеќе не губат време за спремање дома. Некои живеат современ и модерен живот, а има и такви кои немаат време за спремање, па единствено решение им е ако си купат.

Брзиот и динамичниот живот, им наметна многу нови навики на луѓето.

Како и да е, нема поубава миризба од тоа кога дома ќе замириса на топли кифлички. Ги обожаваат и младите и старите.