КУЛТУРЕН ВИКЕНД: Следуваат свирки, претстави и филмови

Овој викенд во Скопје предстојат многу интересни настани и случувања, изложби, театарски представи, летно кино, рок свирки и многу други настани.

За сабота, пак е предвидена уште една свирка во рамките на проектот „Улични музичари и артисти“, овој пат со бендот „Нешо ау-бау“, со почеток во 20часот на плоштад „Македонија“.Тие се млад кавер бенд од Скопје, кој во своето постоење има променето неколку состави за денес да има четири утврдени членови. Свират претежно рок кавери од 70тите па се до современи рок нумери. Бендот го сочинуваат: Бранко Велевски (соло гитара), Зорица Георгиева (вокал и ритам гитара), Марко Трендафиловски, (перкусии), Дарко Поповски (бас гитара); Редовно настапуваат на повеќе локации, меѓу кои, Shot bar Bezisten, Rock bar Krug, Rock bar Garson и Децата од нашата улица;

Во драмски театар, во склоп на Скопско лето, ќе се одржи театарската претстава „Кристофер Колумбо“ со почеток во 20часот, а во кафе кино ќе биде прикажана романтичната комедија „Аферим“ – почеток 21часот.

За недела, е предвидена Претставата за деца без родители и хендикепирани во 12часот, додека вечерта во 21часот уште едно филмско прикажување, овој пат тоа е анимираниот филм „Чуварите од Оз“.