Културен информатор: Што има во Скопје неделава?

Понеделник 18.9.2017

21.00/ Програма

Рок Кафана Рустикана 2.0

Повелете во Rustikana 2.0 на Jazz/Bules обвиткани во Noir елемент.

Вторник 19.9.2017

20:00/ Македонски народен театар

Отровната туника (Фестивал на претстави од Иван Поповски - „Иван се враќа дома”)

21.30/Dance Party – T.K „Dance“

МКЦ Клуб & Ресторан

Повелете на забава многу поразлична од сите останати во градот. Забава преполна со многу дружба и танц, а секако можете да си донесете и некое ваше другарче кое не танцува, бидејќи забавата е од отворен тип.

ВАЖНО: На почеток од танцовата забава од 21:30 до 22 часот со „Салсеросите “ од Т.К.„DANCE“ ќе се повежбаат учените фигури во месец Јуни од BEGINNER Salsa Casino De Rueda.

Среда 20.9.2017

19.00/Вино Скоп

Плоштад Мајка Тереза

Од 20 до 24 септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на реномираниот фестивал кој го слави виното – Вино Скоп 2017.

Локацијата, како и минатата година ќе биде на плоштадот „Мајка Тереза“ пред МОБ, а на фестивалот ќе земат учество најдобрите македонски винарии.

Вино Скоп ќе понуди петдневно будење на сите сетила- уживање во пијалокот на боговите, различни вкусови, различни бои и мириси испреплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.

 20.00/„Чиј е мојот град?“ – Самостојна изложба на Антонио Аранѓеловиќ

Музеј на Град Скопје

На изложбата насловена „Чиј е мојот град?”, Антонио Аранѓеловиќ прикажува цртежи и графички листови изведени во различни традиционални и комбинирани техники, при што хартијата е обединувачки носител на медиумот.

Во ликовниот јазик со кој комуницира авторот, доминира сигурниот и снажен цртеж, препознатлив во суптилните тенки исцртувачки линии, но и во широките енергични потези кои го поставуваат пејзажот. Еднакво доминантна, покрај цртежот, е и графичката текстура која авторот ја создава со длабоко чувство за исклучителна естетска вредност.

Во делата на Аранѓеловиќ се создава еден нов универзум на испреплетени случувања и напластена реалност. Преку навидум едноставна и лесна нарација тој ни ја претставува дуалноста на оваа природа, отворено спротивставувајќи ја надворешната форма со внатрешната: скриена и суштинска. 

Четврток 21.9.2017

 21.00/Експеримент

МКЦ

Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.

Режија: Јане Спасиќ
Играат: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски.

Петок 22.9.2017

21.00/ Blues & Soul Festival 2017

Станица 26

Дирекција за култура и уметност – Скопје, со гордост ви го претставува 21-виот Blues & Soul Festival, Кој ќе се одржи од 22-ри до 24-ти септември во познатиот скопски клуб – Станица 26.

Влезниците ќе бидат достапни на самиот влез, но и во претпродажба, во Југотон Рекордс, како и онлајн на www.jugoton.mkwww.mktickets.mk, по цена од 300 денари за концертите од првата вечер, а 200 денари за втората и третата вечер.

Сите концерти почнуваат од 21 часот.

За информации за програмата на линкот погоре.

Сабота 23.9.2017

11.00/Health, Fitness & Wellness Expo #3

Терен на ФК Работнички – Градски парк

Трето издание на единствениот настан за здрав животен стил, овој пат на нова локација, на отворено – Градски Парк, на теренот на Работнички.

HFW Expo е настан кој нуди голем број на бесплатни корисни совети и информации, промотивни понуди, едукација, вредни награди, отворени бесплатни тренинзи, третмани и тоа за сите возрасни граници, потреби и навики.

Оваа година, ќе бидеме сведоци на поголем настан и уште побогата програма, распределена на четири сцени и тоа: Health, Fitness, Wellness и Kids Corner.

Дводневната програма, изложувачите и учесниците на настанот можете да ги погледнете на овој линк:

Недела 24.9.2017

12.00/ Вино Скоп

Плоштад Мајка Тереза

Чалги - 12:00 - 17:00

Тамбура Салса Бенд - 18:30 - 20:30

Баклава - 21:30 - 23:00

Министерке-23.00-01.00