Култната ,,Менада“ на влезот од Старата скопска чаршија ќе остане само на старите фотографии

Некој нов сопственик едноставно решил во срцето на Старата скопска чаршија да направи застаклен објект со кој, бездруго, се сквернави препознатливоста на историската чаршија.

Но, останува и најважното прашање-кој дозволил вака да се нагрдува вековниот изглед на препознатливата Стара скопска чаршија? Кому му пречи минатото на овој град? Дали некој ќе одговара за ова унишување на историското јадро кое започна со градбата на непотребниот плоштад? Вака ли се грижи државата за најпрепознатливиот историски период на Скопје? Дали во минатото биле будали што секоја нова градба, вклучувајќи ја и стоковната куќа ,,Мост“, биле соодветни на историскиот амбиент?…..

Ова се прашања кои мора да имаат одговор. (АКО.мк-Е.Л.)