Крводарителска акција во Кисела Вода

Крводарителска акција се одржува денес во Општина Кисела Вода.

Од општината информираат дека градоначалникот, претседателот на Советот, вработени во општинската администрација, претставници од сите месни и урбани заедници од Општината и хумани граѓани, донирале крв и помогнале да биде спасен нечиј живот.

Оваа акција која е во организација на Општина Кисела Вода, Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје, се одвива неколку пати годишно.