Крвава ноќ во стан во Ѓорче

Драма се одвивала во стан во Ѓорче. Во 21.10 часот во полиција се јавил 32-годишниот Д.С. и пријавил дека истиот ден околу 20 часот и 45 минути на улицата „Шидска“, во станот на неговиот брат, бил нападнат од страна на две непознати лица.

Едниот од нив со остар предмет го повредил во пределот на раката, по што успеале да пронајдат и одземат околу 400.000 денари и го напуштиле местото на настанот.

Тој бил пренесен во Ургентниот центар Скопје за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.