Кривопаланчанец лишен од слобода обидувајќи се да ја напушти државата

Лицето М.И. (44) од Крива Паланка е лишено од слобода на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во Скопје.

Вчера во 17.45 часот на ГП Аеродром „Александар Велики“ Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето М.И. (44) од Крива Паланка евидира со мерка „А“ (апси).

Лицето е лишено од слобода и во 21.20 часот, со потврда за предавање на лице, е предадено на полициски службеници од ПС Гази Баба за понатамошна постапка.