Кривична пријава за скопјанец кој поседувал огнено оружје без дозвола

По претходно добиени оперативни  сознанија од страна на полициски службеници од СВР Скопје , на ден 20.01. 2020 година околу 18 часот  во населба Сингелиќ извршен е преглед врз лицето   Б.А (29) .При извршениот преглед кај истиот  е пронајдено огнено оружје пиштол  кое го поседувал без дозвола, по што извршен е претрес и во домот каде што престојува лицето, информираат од Министерството за внатрешни. 

На 21.01.2020 година од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје  против лицето Б.А поднесена е кривична пријава  во брза постапка за кривично дело по член 396 од КЗ на РСМ, стои во соопштението на полицијата.