Кривична пријава за „дилање“ дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Е.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 02.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Скопје,  полициски службеници при преглед врз пријавениот пронашле и одзеле мешавина од марихуана и тутун.