Краен рок за барањата за помош на првачињата во општина Аеродром

До утре, 16 септември, е крајниот рок за поднесување барање (до општина Аеродром) за еднократна парична помош на семејствата со прваче. Помошта е во висина од 3.500 денари.

Образецот за барањето може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет-страница во менито за формулари или директно на линкот .

Како што објаснуваат од општината Аеродром, во прилог на барањето потребно е да се достават на увид следните документи, кои треба да се оригинал: потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2019/2020 година заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром, оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид, важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром на увид, трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид.

По ова, на ред е општината да направи за првашињата и подобри услови во учулиштата.