Крадец фатен на новогодишната ноќ во Влае: Партнерот го оставил на цедило, украл само штека цигари

Четири часа по полноќ на новогодишната ноќ, непознато момче било затекнато како краде од агенцијата за обезбедување која обезбедува еден од маркетите во Влае.

Алармот во објектот се вклучил кратко по 4 часот и го уплашил партнерот во грабежот на момчето кој избегал со својот автомобил.

Маркетот и претходно бил ограбуван, па патролата на агенцијата откако го фатила, го задржала момчето кое не успеало да побегне на местото на настанот. За провалата потоа била известена и полицијата, а по направениот увид било утврдено дека недостасува само една штека цигари.