Костовски: Ќе спроведеме 80 проекти кои ќе го изменат животот во Бутел

Гласајќи за бројот 13 гласате за нова модерна патека над Љубанци која ќе биде планинска пешачка патека која ќе може да се користи и за рекреирање и за спортување.

Гласајќи за бројот 13 гласате за над 80 проекти кои што пред сè се реални проекти и ќе го изменат животот во Бутел, изјави кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

„На 29 октомври повторно имате шанса да одлучите директно за иднината на вашите деца дали ќе живеат во несигурна и нестабилна општина или пак сакате да живеат во просперитетна и сигурна општина Бутел“, изјави Костовски.