Короната не е најопасен вирус: Ова се вируси кои убиваат милиони

Иако периодов се зборува за опасниот вирус Коронa кој предизвика загриженост низ целиот свет, сепак тој не е најопасниот вирус кој постои денес. Досега, смртноста на корона вирусот е околу 3-5%. Овие 7 вируси убиле многу повеќе луѓе, и ако се би појавиле повторно, би можеле да убијат уште повеќе.

Ебола

Брз убиец за кој нема лек. Ако некој вирус може да предизвика поголема паника од сегашниот Корона вирус тоа е овој Ебола вирусот.

Еболата е во состојба да го уништи имунитетниот систем во текот на неколку дена, предизвикувајќи повраќање, дијареја, кашлање, осип, деменција, треска и икање, што на крајот доведува до смрт на пациентот. Околу 70% од тешко заболените од Ебола умираат.

Вирус Марбург - хеморагична треска

Смртноста од овој вирус варира од 24 до 88 проценти. Вирусот Марбург предизвикува крварење во гастроинтестиналниот тракт и низ целата кожа, а во повеќето случаи пациентите умираат од уништување на васкуларен систем што се активира со шок и слабост на органите, што подоцна резултира со смрт. За жал, сè уште нема лек за оваа хеморагична треска.

Свински грип - H1N1

Станува збор за вирус кој во времето кога се појави уби околу 284.500 луѓе, а исто така подоцна уби уште 579.000 луѓе. Вистинската бројка е веројатно и поголема.

САРС

Тешкиот актинуален респираторен синдром е предизвикан од еден вид коронавирус и се шири во 37 земји за само неколку недели. Тоа е воздушен воздушен вирус кој се шири преку капки од плунка што ги кашламе или киваме. Вирусот инфицираше 8000 луѓе ширум светот, од кои над 800 починаа, со што има висока стшка на смртност од над 10%.

Хепатитис Ц

Хепатитисот Ц предизвикува повеќе од еден милион смртни случаи годишно, а најголем удел во оваа бројка има хепатитис Б. Вирусот го напаѓа црниот дроб што резултира со карцином на црниот дроб или цироза. Иако бројот на смртни случаи од хепатитис Ц е помал од хепатитис Б, сепак убива околу 350.000 луѓе годишно.

ХИВ (СИДА)

Околу 40 милиони луѓе живеат со ХИВ ширум светот, а само половина од нив користат и имаат пристап до соодветна терапија. Ова е токму причината зошто бројот на смртни случаи во врска со СИДА-та е сè уште шокантен, близу 2.000.000 луѓе годишно, а во последните 30 години дури 25 милиони луѓе починале од овој вирус.

Грип

500.000 луѓе ширум светот умираат секоја година од потешки видови на сезонски грип, а најсмртоносен беше шпанската треска која уби 50 до 100 милиони луѓе ширум светот н почетокот на 20-тиот век, што грипот го прави најголем медицински холокауст во историјата.