Коритото на Вардар оштетено: Кој ќе ја плати штетата?

Минор коритото на Вардар при последното чистење или вадење на песок од него е видно оштетено и се уште не е поправено, вели поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

-За буџетот за наредната година се планираат 1 милион евра пари на скопјани за санација за коритото. Оваа штета треба да ја санира фирмата што ја направила или ќе ја платат Скопјани? - прашува Трајановски на Фејсбук.