Концерт на Џампјеро Собрино во Дом на АРМ

Во сабота, 22 октомври, со почеток во 20 часот, во Домот на АРМ, концерт ќе одржи гостинот од Италија кларинетистот Џампјеро Собрино.

Како гостин на концертот ќе настапи нашата првенка Славица Галиќ-Петровска.

Публиката ќе има убава можност да ужива во една интересна програма, составена од дела на класиците од Гаетано Доницети и Волфганг Амадеус Моцарт. Г. Доницети - “Concertino b flat major” - за кларинет и оркестар В. А. Моцарт - Motet “Exsultate” изведува: Славица Галиќ-Петровска Џ. Верди/Л. Баси - “Fantasia da Rigolleto” - за кларинет и оркестар В. А. Моцарт - La Clemenca di Tito - арија “Parto, Parto….”

Изведуваат: Славица Галиќ-Петровска и Џампјеро Собрино(Италија). Ќе ги придружува оркестарот на Македонската опера и балет. Концерт мајстор е Верица Ламбевска, режисер: Дејан Прошев, а диригент: Бисера Чадловска.