Колку време треба да вежбаме за да изгубиме половина колограм?

Што мислите колку кардио тренинзи ни се потребни за да ослабиме? Или колку кардио тренинзи ни се потребни за да симнеме половина килограм неделно?

Дали некогаш сте си ги поставиле овие прашања? Но дали знаете дека одговорот може да ве изненади? Или можеби да ве разочара бидејќи за да симнете половина килограм вишок (кој можете да го добиете додека трепнете со очите,) ќе морате озбилно да се помачите, пишува порталот ПопШугар. Според Остин Лопез, познат американски инструктор по фитнес, најпрво треба да бидеме свесни како функционира нашето тело.

Половина килограм масти има 3500 калории, а тоа е и бројот на калории што ќе треба да ги потрошите (без да ги сметате оние што секако ќе ги потрошите во текот на денот) за да симнете половина килограм вишок, објаснува тој.

Па кој тренинг троши 3500 калории неделно?

Имате неколку опции:

Една кардио сесија од 30 минути во текот на денот, седум дена по ред, покрај здрава исхрана и калориско внесување кое одговара на вашите години и тип на тело.

Кардио тренинзи во траење од 30 минути - пет пати неделно, со редуцирана исхрана.

Кардиот тренинзи во траење од 30 минути, од „нула до три“ пати неделно, со исхрана која подразбира внесување на минимален број калории.

Можеби третата опција ќе ви изгледа како најмудар избор, но Лопез вели дека ваквиот пристап за губење килограми не е здрав и многу брзо престанува да „делува“. Со ова се согласуваат и другите фитнес инструктори. Махри Релин кој со години работи како личен тренер, на своите клиенти им препорачува да се посветат на кардио тренинзи пет пати во текот на неделата, во траење од 30 до 45 минути. Кетрин Греинет пак, која работи со бројни славни клиенти препорачува или кардио вежби во исто траење или кардиот тренинт со висок интензитет во интервали (HIIT) за кој е доволно да издвоите околу 20 минути во текот на денот.

Но, Греинерова во исто време и потсетува дека е најважно е во ништо да не се претерува:

Кардио тренинзите можат толку да не изгладнат па ако потклекнеме ќе ги надокнадиме сите изгубени калории, а многу често се случува да внесеме и повеќе. Покрај тоа ако на себеси си наметнете премногу интензивен ритам на кардио тренинг, ќе го изморите телото, ќе спиете лошо бидејќи ќе ја поминете границата на „здравиот“ замор, па може да се случи да нафрлите кое килце повеќе, наместо да го решите вишокот, заклучува таа.

Заклучок:

Тренинзите за сила, кардио вежбите и избалансираната (здрава) исхрана се совршена (и единствена) формула која ќе ви помогне да постигнете она што го сакате – да се решите од вишокот килограми, да бидете здрави и убаво да изгледате.

Па, дали сте подготвени за тоа? ОK, се гледаме на кеј!