Колку треба да пешачите за да ја намалите телесната тежина?

Голем дел од нас се занимаваат со физичка активност и различни начини на исхрана. Најупорните се обидуваат со строги режими на исхрана и напорни вежби, но голем дел од луѓето го занемаруваат и ефектот на редовното пешачење на нашето тело.

Потребно е да се следат одредени правила за да се постигнат посакуваните резултати. Но, зарем не е така и за сите физички активности?

Главните фактори кои влијаат на потрошените калории се растојанието, брзината и телесната тежина.  Притоа, многу важно е да се внимава на овие работи, преку уреди за мерење или пак едноставно броење и мерење.

1000 калории= 2000 чекори =1.6 км

1 кг= 140 000 чекори = 7000 калории = 112 км

Иако овие 112 километри изгледаат многу, сепак тоа може да се постигне со редовно пешачење, но и применување на следните правила:

 - обидете се  наместо со автомобил и автобус, да одите пеш

 - носете ги и земајте ги децата од училиште

 - шетајте го своето куче подолго

 - започнете пополека, потоа зголемувајте ги чекорите и растојанието

 - внимавајте на поставеноста на телото додека пешачите

 - престанете да користите лифтови и ексалатори

 - пешачете со пријател

 - слушајте ја вашата омилена музика

 - пешачете на места каде не се движите често, каде можете да видите нови работи

Во текот на зимата, можете да продлжите да се движите дома на уред за вежбање.

Како да се движите најдобро?

  - повеќе од 70 чекори/минута

За здрава личност, без друга физичка активност. Се препорачува и за оние кои се опоравуваат од срцев удар.

71-90 чекори /минута, 3-4 км/час

За луѓе кои имаат кардиоваскуларни проблеми

91-110 минути, 4-5 км/час

За секоја здрава личност.

111-113 чекори/минута

За здрава личност која се занимава и со друга физичка активност.