Колку точно време сон ни е потребно?

Добриот сон прави вистински чуда -  ни помага да се одмориме, да го организираме умот, да ги подобриме фокусот и концентрацијата, но и ни дава подобро расположќение и енергија. Освен тоа, тој има и големо влијание на  освежувањето и смирувањето на кожата.

Но, колку навистина сон ни е потребно во текот на ноќта?

 Според новото истражување, не ни се потребни 8 часа сон, туку точно  7 часа и 6 минути. Во ова истражување учествувале околу 2000 испитаници а целта на истражувачите била да се утврди колку време ни е потребно за да имаме добри ефекти од спиењето. Според резултатите, луѓето кои спиеле 7 часа и 6 минути биле најсреќни меѓу сите. Дополнително, истражувањето покажува дека луѓето кои спиеле помалку од 6 часа и 48 минути, истакнале дека се нерасположени и многу нервозни.

Сепак, треба да знаеме дека квалитетот на сон е еднакво важен како  и должината на спиење. Истражувањето покажало дека е многу важно и која храна се конзумира пред спиење, а дополнителен бенефит е медитацијата или туширањето непосредно пред спиењето.