Која песна од Ed Sheeran сте, според вашиот хороскопски знак

Неговите песни се омилени на младата генерација, а тој е еден од најинтересните и најскромните ѕвезди во денешно време.

Имате ли негова омилена песна? Откријте која песна би биле, според вашиот хороскопски знак.

Овен

Shape of you

Одлична за нарцистичкиот карактер на родените во овој знак. Можат да ја пејат додека се огледуваат во огледало или додека се враќаат по долгото и исцрпно забавување во нивниот омилен клуб, флертувајќи наоколу, без премногу одговорности.

Бик

Galway girl

Поради нивната тврдоглавост да ја најдат вистинската љубов на чидни места. Ова е песна за родените во овој знак кои сакаат неочекувани нешта, патувања и убави спомени.

Близнаци

One

За живеењето во моментот, скршените срца, за тишината и надежта, алкохолот и расправиите, за главоболките и грешките, за љубопитноста и збунетоста. За доброто и лошото. За дуалноста на нивниот карактер.

Рак

Tenerife sea

Ова е песна за сензитивните Ракови. Фина балада одлична за ноќе на плажа, или зиме пред оган, за грижата за другите и сите очекувања.

Лав

I see fire

Моќна песна за моќните Лавови. Одличен саундтрак за нивниот живот и огромната енергија која ја поседуваат во себе, која е доволна да променат цел свет.

Девица

Kiss me

За стабилноста која ја бараат и рационалноста, но и романтичноста на нивниот карактер. За љубовта која ги дочекува по напорниот и работен ден, откако ќе ги остават сите одговорности на прагот од нивниот дом. За љубењето како да нема утре.

Вага

Barcelona

За патувачите и дивите срца. За тешкотиите да се балансираат сите нешта, но и обидот постојано да се биде среќен и да се ужива во животот. За тоа дека тие се секогаш деца во своето срце, кои никогаш нема да пораснат.

Скорпија

You need me, I don’t need you

Песна која зборува за независноста на Скорпиите, мистериозноста на нивниот карактер и нивната потреба да контролираат се околу нив.

Стрелец

Cold coffee

Понекогаш слатко, понекогаш горко, но најдобро е ладно наутро. Оваа енергична песна е одлична за карактерот на секогаш дивите Стрелци. Оние кои уживаат во утрата и ги чекаат новите предизвици на денот.

Јарец

Firefly

Романтична песна, како и карактерот на родените во овој знак.

Водолија

Take it back

Самоуверена песна која го открива независниот, самоуверен и креативен карактер на Водолиите. За луѓето кои се директни и искрени.

Риби

The man

За бесконечните и безнадежни романтичари. Песна која е совршена за тоа што го чувствуваат. Внимание, овој знак плива во длабоки води и простувањето не доаѓа лесно.