Која е најважната личност која ќе ја сретнете во животот?

Елизабет Гилберт, авторката на бестселерот „Јади, моли се, сакај“ вели: „Луѓето мислат дека сродната душа е суштество е битие кое совршено ќе им одговара и сите копнеат да ја запознаат својата сродна душа. Но, вистинската сродна душа е огледало, личност која ти ги покажува работите кои те успоруваат, личност која те поттикнува да го промениш својот живот на подобро.“

Гостувајќи во емисијата на Опра Винфри, популарната писателка рекла дека всушност мали се шансите дека средбата со сродната душа ќе заврши со брак. Според неа, „таквите врски се премногу интензивни и едноставно е невозможно долго да траат.“

Потоа продолжува: „Вистинската сродна душа најверојатно е најважната личност која некогаш ќе ја сретнете во животот, затоа што ќе ве удри од ѕид и ќе ве пробуди од сон. Но, да живеете до крај на животот со сродната душа? Нема шанси. Премногу е болно. Сродните души влегуваат во нашите животи само за да тргнат уште еден слој од тебе, а потоа повторно ги снемува. Заблагодарете му се на Бог за тоа.“

Сродната душа во нејзиниот живот е Бразилецот Хозе (во книгата, името му е Филипе). По својот развод, таа тргнала на пат за одново да се открие себеси, а после Италија и Индија, стигнала до Бали и таму го сретнала Хозе. Кога тоа се случило, Елизабет вели дека токму тогаш научила што навистина значи да ја сретнеш „сродната душа“.

Зборувајќи на оваа тема, таа изјавила: „Тоа не е измислен лик за кого фантазирате, тоа е некој пред кого и со кого сме спокојни, целосно свои и личност за која можеме да бидеме благодарни дури и кога заедно го пиеме утринското кафе. А понекогаш, баш поради тоа што нѐ променуваат, нашите сродни души, сепак мораат да си заминат од нашиот живот и така да ни дозволат да продолжиме по својот пат, само посреќни и поинакви.“