Кој е виновен за менување на реалната слика на ГТЦ?

Од година на година, се менува реалната слика на Градскиот Трговски центар во Скопје.

Дуќанот се издава или се продава. Дел од објектите се празни, на кои стојат овие налепници.

Особено оваа слика е поизразена во погорните катови, многу испразнети објекти и написи дека дуќанот се издава и чека нови сопственици. Некогаш елитниот центар денес е тешко привлечен за нови трговци, велат дуќанџиите кои тука егзистираат од самите почетоци.

Незадоволството од состојбите го споделуваат поголемиот дел од луѓето кои работат во ГТЦ. Оние кои ги издаваат дуќаните, велат дека киријата е многу намалена.

Дуќанџиите велат дека не се преземаат адекватни мерки за да се зголеми атрактивноста на трговскиот центар во кој наместо ексклузивни производи сè почесто се изложени и такви производи кои може да се сретнат речиси на сите помалку фреквентни локации.