Кои жени постојано налетуваат на погрешни мажи?

Постојат многу погрешни типови на овој свет. А постојат и многу жени кои привлекуваат погрешни мажи. Секоја жена привлекува различни типови мажи. Кои се трите најчести типови жени кои привлекуваат погрешни мажи и каков тип на мажи привлекуваат можете да прочитате во продолжение.

„Спонзоруша“

Привлекува: Женкари

Се трудат да го имаат најдоброто во животот, а тоа ги вклучува и мажите кои ги бираат. Листата на квалитети е навистина долга. Но, ако на неа се застапени само површни работи како автомобил и колку пари има, не треба да бидат шокирани ако и нивниот улов е исто толку површен. Додека тие се радуваат на својот  трофеј, тој најверојатно фатил уште три други прилики.

„Негувателка“

Привлекува: Опорунисти

Еден од основните инстинкти на жената е да негува. Понекогаш малку се занесува во тој процес, па му допушта на мажот да располага со нејзините добра, без оглед на тоа дали е тоа време, пари или труд. Повеќето мажи не сакаат да и дозволат на жената да ја плати сметката во кафуле или да работи работи кои се сметаат за „машки“. За жал, опортунистите доаѓаат во сите облици и форми. Ако не сте внимателни, вашата потреба за негување може погрешно да се интерпретира како слабост. Ако не знаете да поставите граници, големи се шансите дека ќе ви се качуваат на глава.

„Комплицирана“

Привлекува: Очајни мажи

Првиот состанок бил волшебен. Сте пиеле вино, сте се смееле до солзи. Ви зборувал како е осамен во својот стан, како сака готвење, сака одмор во парови. Се е тоа супер, само што тоа се сака да го оствари после третиот состанок. Што се случило? Сосема е можно на почетокот да сте му дале сигнали дека сакате да се скрасите, па тоа го навело да мисли дека сакате долга врска. Додека сфатите дека не сакате врска со него, веќе е предоцна за да го откачите.