Кои се најчестите сексуални проблеми на двојките?

Повеќето луѓе кога имаат некаков проблем од сексуална природа мислат дека се единствените кои се соочиле со нешто такво, што и обесхрабрува да зборуваат за тоа и да побараат помош.

Сексуалните терапевти ги споделуваат најчестите проблеми што двојките ги имаат во нивниот сексуален живот и ги охрабруват луѓето да имаат поотворена комуникација со нивните партнери во врска со сексот.

Една од темите што често се спомнуваат во ординацијата е дека за секс е подеднакво потребна психичка и физичка подготвеност. Лошото расположение, секојдневната изложеност на стрес, исцрпеноста, сето ова може да има негативно влијание на акцијата во спалната соба. Еректилната дисфункција е многу почеста кај помладите мажи отколку што се смета, а причните за тоа најчесто се психолошки или предизвикани од разни средства за смирување што се земаат на своја рака.

Терапевтите нагласуваат дека задоволството во спалната соба почнува надвор од неа. Многу двојки имаат проблем со комуникацијата во други аспекти на врската, а тоа се одразува и на сексот. Ако нема разбирање и отворена комуникација меѓу партнерите, само се зголемува емотивниот јаз, се креваат бариерите и се зголемува тензијата, што нанесува штета што ниту еден „секс за смирување“ не може да ја надомести.

Еден сексуален терапевт ја издвојува појавата на неусогласеност на сексуалните нагони на партнерите и нагласува дека тоа се случува многу почесто отколку што си мислиме. Тоа не значи дека партнерите не се привлекуваат сексуално, туку дека поради брзиот начин на живеење и претрупаноста со обврски, доаѓа до тешкотии да се поклопи сексуалниот биоритам и кај мажот и кај жената. Тука повторно станува збор за комуникација и за наоѓање решение што ќе им одговара на двајцата партнери. Терапевтот препорачува да се реагира што е можно побрзо кога ќе се забележи некаков проблем и неусогласеност и да не се избрзува со заклучоци дека повеќе не сте им привлечни на партнерите или дека сексуалната искра згаснала.