Кои професии во Македонија земаат плата од 60.000 денари?

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2017 година изнесува 22.750  денари, а индексот изнесува 102.2.

Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (9.4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6%) и Рударство и вадење на камен (4.2%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2%), Информации и комуникации (13.0%) и Градежништво (11.7%).

Ова се професиите со највисоки нето плати:

  • Воздухопловен транспорт - 60.476 денари
  • Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 49.530 денари
  • Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати - 45.991 денар
  • Телекомуникации - 43.981 денар
  • Производство на хемикалии и хемиски производи - 42.028 денари