Кога жената ќе престане да се сака себеси...

Кога жената ќе престане да се сака себеси, поинаку се движи и се облекува и се опкружува. Кога таа занемарува, прво ги занемарува своите потреби, а потоа и својот изглед, кога сѐ околу неа станува тажно, такви стануваат и нејзините фустани, чевли и коса. 

Кога ќе згасне сјајот во нејзините очи и кога повеќе не е принцеза, она што природата ѝ го дала. Кога ќе се згаснат нејзините бои и сеедно ѝ е како изгледа и што ѝ се случува. Кога ќе ја однесе големата, широка, сива река...

Кога жената ќе престане да се сака себеси, затоа што ја повредиле оние кои по дефиниција требале да ја чуваат и да ја штитат, од себеси и од светот. Кога туѓите потреби ги става пред своите и не останува ништо за неа, кога прва станува, а последна легнува, па прво огрубуваат нејзините мисли, а потоа и кожата. 

Сите тие работи директно ги навредуваат боговите кои ја замислиле и ја надариле со убавина во секој дел од нејзиното тело, низ сите нејзини животни доби и циклуси, од младоста, преку заводливата зрелост и мудроста.

Кога жената заборава колку е посебна и дека таа е една и единствена, кога го занемарува своето лице и тело, па посивува, таа станува незабележлива и нечујна, како да се извинува што постои и почнува да се движи по периферните ходници на животот наместо по главна улица, како што ѝ доликува. 

Кога облекува безлични фустани и се одрекнува од негувањето на својот изглед и душа, кога ќе ја скршат животните околности па заборава на себе и целата енергија ја вложува во тоа да ги одржи системите во кои живее и на сите им дава дел од себе.

И кога секое утро за неа е нов предизвик, а има и многу тешки предизвици, кога сето тоа ќе се случи – тоа значи дека се откажала, се откажала од животот.

Но, немојте... никогаш немојте да се откажувате. НИКОГАШ!