Кога сум разочарана од животот, секогаш си приспомнувам една работа...

Веќе некое време не сум среќна. Се смејам и се преправам дека сум, затоа што тоа е полесно. Одам на работа и ги слушам проблемите на сите и се наоѓам себеси како ми одлетува мозокот затоа што размислувам на своите проблеми.

Сето тоа го поттиснував во себе, се додека еден ден не се растурив од плачење. Плачев затоа што сум лута на себеси поради тоа што не сум личноста која секогаш мислев дека ќе бидам.

Затоа што секогаш мислев дека има нешто повеќе во животот, затоа што само одредено време можам да бидам силна пред целосно да се скршам.

Се погледнав себеси и си реков: „Во бестрага. Ова сум јас сега.“ И почнав да плачам уште повеќе.

Мојот план за животот и тоа како животот ми излезе... да речеме дека немаат една допирна точка. Секогаш имав големи планови и сакав да правам толку многу работи и ништо, ама баш ништо не излезе како што треба.

И тогаш почнувам да се нервирам, а тоа се претвора во депресија, а тоа води кон тоа да немам желба за ништо.

Мојот проблем е во тоа што сум сонувач. Секогаш можам да добијам идеја, но никогаш не ја спроведувам до крај.

И така, плачев.

И во ред е тоа што плачев. Во ред е тоа што се самосожалував.

Причината поради која е во ред е фактот дека само заради тоа што плачев денес, не значи дека ќе плачам секој ден.

Не значи дека секој ден ќе се самосожалувам или дека вака ќе го живеам мојот живот.

Тоа едноставно значи дека денес беше лош ден и дека утре ќе станам и дека ќе се справувам со работите и ќе седнам и ќе направам листа со работи кои сакам да ги направам.

Утре е нов ден и утре можеби пак ќе плачам и тоа е во ред, се додека продолжувам да одам и да се трудам...