Кога станува збор за љубовта, кои зборови најчесто ги користат мажите, а кои жените?

Иако улогите се имаат поместено, сепак жените и мажите и ден денес зборуваат на различни јазици кога зборуваат за љубовта. Токму тоа се наведува во есејот „Модерна љубов“ кој бил објавен во „Њујорк Тајмс“. Жените повеќе пишуваат за чувствата, а мажите за акцијата. Кога треба да пишуваат за љубовта, мажите најверојатно повеќе ќе пишуваат за сексот, а жените за бракот.

Кога ќе се прегледа еден есеј, јасно се гледа дали приказната е напишана од маж или жена. Она што е интересно е што кога мажите пишуваат за семејството, тие најчесто ги користат зборовите: „татко“, „мама“, „ќерка“. Се разбира, тие есеи не се баш најрепрезентативни примери, но некои од тие работи се потврдиле и преку истражувањата. Па така, некои истражувања покажале дека и пред раѓањето на детето, родителите повеќе биле врзани за детето од нивниот пол (мајки за ќерки, татковци за синови).

Други истражувања покажале дека жените најверојатно повеќе зборуваат за чувствата од мажите. Исто така, родителите со ќерките најверојатно повеќе разговараат за чувствата, додека на синовите ќе им речат да не плачат. Во поголемиот дел од случаевите, момчињата се учат да ја изразуваат својата лутина, додека пак тоа не им се препорачува на девојчињата. Зборовите што ги употребуваат мажите се поактивни: „бомба“, „напад“, „удар“, „борба“, додека жените повеќе ги опишуваат чувствата, па затоа можеме да видиме изрази како: „незадоволство“, „бесна“, „агонија“, „болка“. Жените почесто го користат зборот „чувствува“, додека пак мажите спомнувале многу помалку различни чувства.

Вилијам Доерти, советник за парови и професор по семејни науки на Универзитетот во Минесота, објаснува дека и мажите и жените сакаат и љубов и секс. Но, мажите почесто влегуваат во врска поради сексуалната хемија, додека за жените е пресудна блискоста. Робин Лакоф, професорка по линвистика на Универзитетот во Калифорнија, истакнува дека емотивните, романтичните и останатите линии помеѓу жените и мажите се прилично нејасни.

Професорката објаснува: „Во педесеттите години на 20 век, мажите покажувале бес, ривалство и непријателство и затоа можеле да пцујат. Жените покажувале страв, тага и љубов и затоа можеле да плачат. Денес луѓето се збунети поради поделбата на улогата и стереотипите.“

Во однос на оваа тема, може само да се цитира американскиот писател Е.Б.Вајт: „Нема ништо лошо во ниту еден збор – некои се добри, некои се подобри од останатите.“