Кога сите ќе си заминат, само нашите родители се тие кои остануваат покрај нас

Живот не е лесен, тој носи многу убави моменти, но и бури, проблеми и предизвици. Кога сме среќни, имаме многу луѓе околу нас, се радуваме на успесите, пееме и весели сме. Тука се сите за да се смееме заедно и да бидеме едни покрај други, но штом се соочиме со тага, не остануваат многу луѓе покрај нас.

Животот тече, работите се менуваат, пријателите одат и си заминуваат, но нашите родители се тие кои секогаш остануваат покрај нас. Тие не ни судат за нашите алишта, не го осудуваат нашиот избор, ни даваат поддршка за сите одлука и тука се за нас, да се исплачеме на нивното рамо кога работите ќе тргнат на лошо.

Добриот однос со родителите е нешто што останува низ целиот живот и што е дел од нас без оглед на тоа како ни оди во животот. 

Разговарајте со своите родители. Учевте многу од нив целиот живот, а некогаш доаѓа време и вие кога ќе треба да ги научите нешто. Не го губете трпението така лесно си нив. Сфатете колку се важни убавите мигови со нив и ценете ги кога се тука на овој свет, а не кога ќе си заминат и веќе ќе ги нема.

Тие секогаш го прават тоа што најдобро умеат, знаат и можат. Стареат со нас, на нивните лица можеме да ги видиме брчките од сите грижи за нас. Испишани се сите наши моменти, нашите карактери. 

Кога сите ќе си заминат, само тие остануваат со нас.