Кога самотијата ќе премине во навика: Негативни последици од самечкиот живот

Да се биде сингл е прекрасна работа од милион различни причини, но не значи дека оние кои сакаат да бидат сингл се најсреќните луѓе на светот. Слободата е прекрасна работа, но дури и оние кои највеќе уживаат во својот живот понекогаш проаѓаат низ кризи.

Страв од осаменост

Самците живеат со полни гради и секогаш се опкружени од пријатели, но кога ќе се спојат неколку вечери кога нема со кого да излезе затоа што сите се излезени во парови и тие за миг се запрашуваат дали би им било подобро ако имаат некој покрај себе.

Неверојатна мрзливост

Да се биде без обврски е прекрасно, но понекогаш тоа може да нѐ направи мрзливи. Зошто воопшто да се трудиме и да се подготвиме за излегување кога пижамите се толку поудобен избор за петок навечер?

Запуштеност

„Не морам да ги бричам нозете“ може да биде големо олеснување, но секогаш постои можноста тие неколку дена да се претворат во неколку месеци. Ова особено важи за жените, но и мажите самци често се запуштаат.

Нула компромис

Луѓето кои се навикнати да бидат сами се навикнати да прават што сакаат, кога сакаат, а тоа може да биде проблем еднаш кога ќе влезат во врска. Еднаш кога ќе се навикнеш да не правиш компромиси, секој компромис е поприлично непријатен.

Тешко оди запознавањето нови луѓе

По долга самечка фаза, секое излегување со нови луѓе е напорно, затоа што бара премногу труд. Ако не кликне од прва, тешко дека ќе дадат втора шанса, затоа што тоа делува како преголем напор.