Кога ќе ти стане претешко и кога се чувствуваш немоќно...

Кога ќе ти стане претешко, кога се чувствуваш немоќно, кога нема повеќе смисла, кога немаш повеќе сила – ослободи се од товарот.

Кога даваш сѐ од себе, а не ти е возвратено, кога секој следен чекор е чекор поблиску до парадоксот – ослободи се од товарот.

Кога нема иднина во тоа, кога повеќе нема убавина, ниту радост како некогаш – ослободи се од тоа. 

Едноставно, ослободи се...

Ништо не може да се прави со сила. 

Само можеш да се ослободиш и длабоко да земеш здив.

И продолжуваш.

И кога лошиот период повторно ќе дојде во твојот живот, повторно шепни си ги овие зборови. 

Па повторно длабоко воздивни и продолжи понатаму низ животот.

Најдобро што знаеш и умееш...