Кое е омиленото место на Скопјани?

Градскиот парк е омилено место на Скопјани, а до таму стигнуваат најчесто со јавен превоз или пешки - вакви резултати даде кратката анкета која изминатиот период го спроведе Скопје Инфо.

Во кратка анкета која изминативе денови ја спроведе Скопје Инфо, граѓаните на Скопје имаа можност да гласаат за тоа кое место најмногу го сакаат во Скопје. Во анкетата беа понудени неколку одговори: градскиот парк, Водно, Стара скопска чаршија, градскиот кеј и многу други.

Од вкупно 1000 испитаници, 31% одговориле дека Градскиот парк е нивното омилено место во Скопје. Потоа следува, Стара скопска чаршија, Дебар Маало, Врвот на Водно. На дното на листата според анкетата се: Градскиот трговски центар, Ленинова и Јадран Сквер.

Градбите од проектот „Скопје 2014“ добија 5 проценти од гласовите на истото прашање.

 На прашањето како најчесто стигнувате до вашето омилено место најголемиот дел од испитаниците одговориле дека за тоа употребуваат јавен превоз. Голем е процентот на граѓани кои во Скопје уживаат да пешачат.

Кај популацијата помеѓу 25 и 35 години, најпопуларна локација во Скопје е врвот на Водно и до таму најчесто стигнуваат со пешачење.