Кое е најидеалното време за купување на авионски билети?

Билетите за авион се премногу скапи за повеќето од нас. Уште ако треба да носите дополнителен багаж, веќе влегуваме во сферата на луксузот. Одеднаш, сите соништа за нашите прекрасни одмори паѓаат во вода и се замаглуваат со облак од тага.

Но, ако навистина многу, многу го посакувате тоа патување, има начин како да го направите тоа! Оваа тајна на авио-компаниите ќе ви овозможи да резервирате лет и да ја најдете најдобрата цена за вас.

Прво, што НЕ треба да правите...

Никогаш, ама НИКОГАШ не го купувајте билетот во сабота! Ова е денот кога цените на авио-билетите се највисоки. Иако ова е денот кога најчесто сте послободни и имате време да се занимавате со вашиот одмор, сепак треба да го избегнувате овој ден. Продолжете да читате за да откриете и зошто.

Морате да го сфатите системот

Причината поради која билетите за авион се најскапи во сабота е поради тоа што авио-компаниите следат неделен систем за наплаќање кој може да иде збунувачки и фрустрирачки за патниците кои не знаат како функционира.

Каков е овој таен систем за наплаќање?

Овој систем е ист без оглед на тоа дали ја купувате картата со месеци или недели однапред. Се започнало кога авио-компаниите објавувале промоции во весниците и луѓето всушност оделе во агенции за патување, кои работеле од понеделник до петок. Иако повеќето луѓе сега се резервираат преку интернет, овој систем се уште функционира.

Пред интернетот, раководителите за наплаќање и формирање цени, во понеделник ги гледале сите достапни летови за таа недела за да определат дали треба да дадат попусти. Ако се уште имало премногу непродадени седишта на почетокот од неделата, тие давале попусти за да ги охрабрат луѓето да купуваат билети.

Авио-компаниите се уште нудат попусти на почетокот од неделата, почнувајќи од понеделник

Исто како што порано се ослободувале од непродадените седишта по викендот, авио-компаниите почнуваат со попустите на почетокот од неделата.

Но, кога ќе дојде вторник нешто чудесно се случува...

Ривалските авио-компании си ги споредуваат цените едни меѓу други, влегувајќи во „војна на цените“ за да ги натераат луѓето да ја прифатат нивната понуда. Ова значи дека вторник е најдобриот ден за да ја добиете најдобрата и најневеројатната цена. Ако сакате да бидеме попрецизни, едно истражување покажало дека во вторник, во 21 часот е најидеалното време за купување авионски билет, затоа што тогаш цените се најниски.