Коце Трајановски vs. Петре Шилегов: каков имот имаат пријавено кандидатите за градоначалници?

Градоначалничката битка во Скопје е сеуште неизвесна. СДСМ го објави кандидатот со кој што ќе оди на овие локалните избори. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ сеуште тактизираат со името на кандидатот, но речиси извесно е дека во битката на градоначалничката фотења останува досегашниот градски татко, Коце Трајановски.

На веб страната на државната комисија за спречување корупција објавени се имотните листови на сите актуелни функционери. На повеќе од 30 дена до одржување на локалните избори: Скопје Инфо анализира каков имот имаат пријавено кандидатите за градоначалници на Скопје.

Коце Трајановски позади себе има три градоначалнички мандати, но Шилегов има поголем имот

Градоначалникот Трајановски на овие локални избори ќе се бори за трет мандат како градоначалник на Скопје. Претходно во еден мандат бил градоначалник на општина Гази Баба. Позади себе има и два пратенички мандати во собранието на Република Македонија.

Но, имотниот лист на Трајановски е прилично мал и скромен. Според информациите на ДКСК тој има пријавено две земјоделски земјишта: првото во населба Илинден и второто во село Бродец. Трајановски има пријавено и недвижен имот: куќа во вредност од 100 илјади евра и стан во вредност од 40 илјади евра.

Годишно остварува приходи од камата од девизен депозите во висина од 9600 денари и закупнина од нива во вредност од 176 илјади денари - годишно. Освен тоа на трансакциска сметка има околу 11 илјади евра - заеднички имот со сопругата.

Петре Шилегов во својата биографија регистрира мандат како претседател на второстепената комисија за жалби од јавни набавки. Работел како адвокат, а во моментов е пратеник во собранието на Република Македонија.

Но, неговиот имотен лист е прилично долг и содржаен. Петре шилегов има пријавено недвижен имот во вредност поголема од половина милион евра, вкупно 4 станови и 1 куќа. Освен тоа има движен имот во вредност од 60 илјади евра. Во имотниот лист објавен на веб страната на ДКСК тој има пријавено и: уметнички и колекционерски предмети и благородно метали.

Покрај тоа Шилегов посетува и акции во вредност од 1000 евра, а има дадено и заем од околу 3000 евра. Тој наплаќа и консултатнски услуги чија цена е 50 илјади денари годишно. Дополнително пријавил и парични средства од 200 илјади евра.

Освен тоа Шилегов има и обврски по кредити кои ги пријавил на вредност од 180 илјади евра.