Коце Трајановски ја почна кампањата, најави нови паркови на повеќе локации во Скопје

Кандидатот за Градоначалник за град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, изборната кампања за локалните избори ја започна од Ново Лисиче со најва за изграда на нови паркови и зелени површини на повеќе локации во Скопје.

Трајновски во изјава за медиумите од новиот парк во Ново Лисиче рече дека ова е најголемиот парк во Скопје со површина од 100 метри квадраратни и додаде дека тука во Општина Аеродром ќе биде изграден уште еден таков, со цел спречување на загадувањето.

„Во нашата изборна програма посебен акцент ставаме на мерките против загадувањето.Овде на потегот кај поселедна 5-ка ќе изградиме уште еден голем парк од 100 метри квадратни,ќе поставиме клупи и засадиме нови дрвја.Нов парк е планиран кај Александар Палас покрај Вардар, потоа целосна реконструкција на градскиот парк со чистење на езерцата и поставување нова урбана опрема.Во наредниот четири годишен период , ќе засадиме дрвја на повеќе локации на површина 500 метри квадратни“, рече Трјановски.

Во новиот парк во Ново Лисиче, заедно со Трајнаовски беа и носителот на листата за град Скопје, Кристијан Мицковски и кандидатот за градоначалник на Општина Аердором од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.