Клиниката за детски болести збогатена со нови играчки благодарение на хуманата акција на „ИТД Дистрибуција“

Интерактивни нови игри, сложувалки, коцки и социјални игри ќе ги стоплат зимските денови за оние дечиња кои ќе престојуваат на Клиниката за детски болести во Скопје.

Обновата на игротеката е резултат на хуманата акција на „ИТД Дистрибуција“ - Скопје, позната како овластен увозник на компјутерите DELL, која во својата мисија има силна заложба за постојано унапредување на средината во која делува преку помагање на ранливи и маргинализирани групи, а помошта ја обезбедува преку своите купувачи.

Имено, оваа кампања беше реализирана преку купувачите на DELL лаптопи, односно со секој купен DELL лаптоп, ИТД издвои дел за набавка на играчките, кои се интерактивни, изработени од дрво и ќе допринесат за доброто на дечињата кои ќе ја посетат клиниката во овие зимски денови.

Директорот на компанијата, Лирим Фетаи, за оваа акција изјави:

- Оваа кампања која го носи слоганот  „Јас сум дел од хуман проект“ е иницирана со цел поврзување на технологијата со доброто и инспирирање на хуманоста меѓу луѓето. Горд сум на тимот кој се вложи во оваа кампања и покрај секојдневните обврски, но најрадосен сум што купувачите на DELL придонесоа за обезбедување на фондот. Се надевам ова ќе ги инспирира и останатите чинители на пазарот и ќе донесе добро располежение кај дечињата во клиниката.

Ова не е прва акција на „ИТД Дистрибуција“, туку е една од сериите на донации и помош за ранливи категории позната под мототот „Јас сум дел од хуман проект“, кои ги превзема благодарение на своите купувачи.