Ќерко моја, би сакал да бидам сигурен дека сум те научил неколку работи...

Ќерко моја, би сакал да бидам сигурен дека сум те научил неколку работи:

Да уживаш во љубовта.
Да веруваш во својата сила.
Да се соочуваш со твоите стравови.
Да се воодушевуваш на животот.
Да бараш помош кога ти е потребна.
Да дозволиш другите да те тешат кога патиш.
Да носиш сопствени одлуки.
Да се избориш другите да ги почитуваат твоите избори.
Да бидеш пријателка самата на себеси.
Да не плашиш да излезеш смешна.
Да ја знаеш сопствена вредност.
Да им се обраќаш со нежност на другите.
Да зборуваш или да молчиш според сопствена процена.
Да ги задржиш за себе своите заслуги.
Да ја сакаш и чуваш девојката во тебе.
Да ја надминеш зависноста од туѓото мислење.
Да не преземаш туѓа одговорност.
Да бидеш свесна за своите чувства и да постапуваш во склад со нив.
Да не целиш кон аплауз туку кон сопствено задоволство.
Да даваш затоа што сакаш, а не затоа што мораш.
Да бараш да бидеш чесно платена за твојот труд.
Да ги прифатиш своите ограничувања и ранливост без да се лутиш.
Да не го наметнуваш твоето мислење и да не дозволуваш другите да ти го наметнуваат своето.
Да велиш ДА само кога тоа навистина го сакаш и без чувство на грижа.
Да живееш во сегашноста и без очекувања.
Да ризикуваш повеќе.
Да ги прифатиш промените и да ги преиспитуваш своите уверувања.
Да ги почитуваш и да бараш другите да те почитуваат тебе.
Да ја планираш иднината, но не и да живееш во неа.
Да си ја наполниш чашата прво на себе, а потоа на другите.
Да ја цениш својата интуиција.
Да се прифатиш онаква каква што си. 

~ Хорхе Букаја, „Патот до среќата“