Ќе точиме поевтини горива од полноќ

Регулаторна Комисија за Енергетика ја донесе новата одлука за цените на горивата. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 6,19%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.02.2018 година.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,243 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.02.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,856 ден/кг. 

Ова е супер вест за возачите.