Ќе се врати ли некогаш културата за повеќедетни семејства?

Во минатото било сосема нормално да постојат повеќедетни семејства. Ретко кое семејство се оставало на две или три деца. Сите имале многу повеќе. Тргнете од нашите баби и дедовци.

Тогаш тие не размислувале дали имаат доволно финансии и можности се да им обезбедат на своите деца. За богатство се сметало, ако имаат повеќе деца. Подоцна кога ќе пораснат секој на своја страна.

Но, како оди времето напред, културата за повеќедетни семејства изумира во Македонија. Ретко кој се одлучува да чува повеќе од две или три деца, а има семејства и кои се оставаат и само на едно дете.

Искуството на многу мајки покажува дека е најтешко да се одлучат за второ или трето дете. Многу жени тврдат дека за прво дете се одлучиле без многу размилсување, додека за наредните си поставувале многу прашања и мислења.

Своето искуство, мислење и прашања ги сподели и блогерката од Скопје мама Александра.

-Јас и мојот сопруг имам две деца, женски, од три ипол и една ипол година. Тој сака да го зголемиме семјството за уште еден член, додека пак јас сум таа,  која сега е неодлучна, но длабоко во себе чувствувам дека и јас го сакам истото…

Секоја семејна приказна си има свои ЗА или ПРОТИВ, причини, но сите ние живееме различно. Некои си ги поставуваат прашањата од што се ќе мораат да се откажат, време, пари, слобода, приватност, кариера…

Зборувајќи од лично искуство и од искуство на моите пријателки, често се случува жените да знаат уште многу рано колку деца сакаат да чуваат. Често тоа се желби за деца, но откако ќе се роди првото, со обврските кои тоа ќе ги донесе и времето кое што е потребно за него и себе, некои жени сфаќаат дека тоа едно дете им е доволно.

Исуството на многу мајки покажува дека е најтешко да се одлучат за второ или трето дете. Можеби едноставно треба да се препуши на емоции, бијдеќи секогаш има место за уште едно место во домот.