Ќе се одблокираат општините Бутел, Чаир, Гостивар Тетово и Теарце

Владата препорача да се одблокираат општини Бутел, Чаир, Тетово, Гостивар и Теарце.

На денешната седница владата му препорача на Министерството за финансии, сектор трезор, да постапи согласно претходната практика и позитивните законски прописи и да го овозможи отчитувањето на буџетите на општините Бутел, Тетово, Гостивар, Теарце и Чаир.

Овие општини беа блокирани поради застојот во изборот на претседатели на советите и не можеа да ги  реализираат своите финансиски обврски.