Ќе остане ли споменикот на Александар на скопскиот аеродром?

Постапката за преименување на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување во ЈП „Службен весник“ на одлуката што за Скопје” како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во автопат “Пријателство”.

Од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“, кое треба да биде замането со Меѓународен аеродром Скопје. Претставници на концесионерот на македонските аеродроми ТАВ неодамна изјавија дека станува збор за политичко прашање и оти ќе ја почитуваат одлуката.

Грчкото МНР ја поздрави одлуката на македонската Влада за преименување на аеродромот. Оттаму соопштија дека “ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи”.

Неизвесна е судбината на  споменикот на Александар Македонски кој се наоѓа во внатрешноста на згрдата  на скопскиот аеродром.Тој е подарок за македонскиот народ од Мурат Орнекол, потпретседател на Холдингот ТАВ Аеродроми.

Шилегов во интервјуто за грчкиот весник “Етнос”објаснува дека веќе е формирана комисија што ќе даде мислење во однос на евентуалното отстранување на одредени споменици, бидејќи вели дека станува збор за чувствително прашање, за кое не може да одлучува сам, затоа што ако одлучи сам „нема да биде по ништо поразличен од оние што го создадоа проектот на особено нетранспарентен и нелегален начин.

Директен лет Скопје-Атина

Во октомври, минатата година, грчката авиокомпанија Aegean airlines на прес-конференција соопшти дека во 2018 ќе се воведе директен лет Скопје-Атина, а македонскиот главен град беше една од новите 11 дестСепак, според информациите од Атина, главната пречка за да започне авиосообраќајот Скопје кон Атина и обратно, беше името на скопскиот аеродром.

Со изјавата на македонскиот премиер дека ќе има преименувања, се поставува прашањето дали можеби сега се отвора патот кон воведувањето на линијата по пауза од 15 години. Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос, во однос на конкретното прашање вели дека мерките за градење доверба за кои што се веќе одржани шест круга, разгледуваат многу прашања, меѓу кои и железничко и авио поврзување.

- Нашиот впечаток е дека е во интерес на Грција да има што повеќе поврзувања со сите земји, па дури и со оние земји со кои има проблематична историја што се однесува на односите, затоа што економско подобрување на односите на двете земји, секогаш помага. Мислам дека и Министерството за надворешни работи се согласува со оваа тенденција и затоа на почетокот реагираше позитивно на нашето расположени да летаме и таму, рече Ефтихиос Василакис, потпретседателот на Еџиан ерлајнс, во октомври минатата година.

Во 2003 година, постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, нешто што беше прекинато, а бизнис заедниците од Македонија и Грција минатата година бараа одново да се воведе летот. 

Покрај името на аеродромот, ќе се менува и името на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“. Премиерот Зоран заев исто така објави дека позицијата на Владата е да се прифати географска одредница за името на Македонија.

Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос. Веста премиерот ја соопшти на прес конференцијата со амбасадорот Самјуел Жбогар.таа намена ја донесе македонската Влада.