Ќе има ли трамвај во Скопје - Топката е на „перонот“ на Владата

Таткото на Град Скопје, Петре Шилегов појаснува дека веќе е разговарано со Влада на тема јавен сообраќај во градот за што од Влада побарале да се подготви потребна информација за реализација на Трамвајот, истата од Градот била изготвена и денес доставена. Шилегов очекува што поитна одлука од страна на Економскиот совет при Владата да одлучи дали ќе го финансира градењето на Трамвајот.

- „Во вторникот оваа недела имав работен состанок со претседателот на на владата на тема јавниот сообраќај во градот Скопје. И бевме договорени да градост скопје изготви информација на основ по која што ќе биде доставена до економскиот совет на Владата како би се исфинансирал проектот. Градост Скопје денеска ја изготви информацијата и во текот на денешниот ден ќе ја доставиме до Влада. И очекувам дека наредната недела претседателот на Владата ќе го свика еконосмкиот совет како би го решиле финасирањето“. - вели Шилегов.

Долгонајавуваниот Трамвај во градост Скопје ќека на финасии од Владата, истиот момент кога премиерот во состав на економскиот совет при владата одлучи да даде пари реализацијата на трамвајот ќе започне вели градоначалникот Петре Шилегов. Тој појаснува дека со буџетските средства кој ги има Градот не може да ја изреализира идејата.

- „За мене императив е да воведеме еден современ јавен транспорт за нашиот град . Градот за жал со буџетските средства кој што ги има не може сам да ја спроведе таа акција меѓутоа врз основа на она што го имам како договор постигнато со претседателот на владата очекувам дека истата ќе помогне во финансирањето на јавниот транспорт и доколку се обезбедат средства градот е спремен што се вика уште денес да ја започне постапката“. - вели Градоначалникот Шилегов.

Околу девет и пол милиони евра од буџетот на Град Скопје се трошат за јавен градски превоз за околу 43 милиони патници годишно. Трамвајот кој е долгонајавуван треба да придонесе за одржлив град како Скопје би имал целосно економичен и еколошки јавен транспорт вели Шилегов појаснувајќи дека за трамвајот нема да се оди со концесионер.Најави дека првата градежна фаза би требало да трае околу две и пол години. Трамвајот е предвиден во 4 фази, првата фаза од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, втората е од Пинтија до центарот на градот, третата од Ѓорче до Сарај и четврттата фаза е од Бутел и Автокоманда спојување со главната трамвајска линија.