Ќе биде ли конечно пуштен во употреба пешачкиот мост на кејот на реката Вардар?

Иако се најавуваше дека до пролет 2019 година овој мост дека ќе биде пуштен во употреба, сепак се уште се работи околу него. 

Истиот започна со доградба во 2018 година, но се уште не е во функција. 

Шилегов ветува дека за два месеци ќе биде готов пешачкиот мост на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје на кој требаше да стои панорамското тркало. 

„Тргнати се фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар е чисто и проточно. Мостот ќе биде целосно готов и пуштен во употреба за два месеци. Остануваат уште да се постават пристапни рампи и некои ситни зафати“, ова го најави Шилегов на својот Фејсбук профил. 

Градските власти сакаа да го уриваат мостот, но сепак одлучија тој да се задржи, но на него да не се гради панорамското тркало, кое беше дел од проектот Скопје 2014.