Кијану Ривс: Животот вреди да се живее!

Кијану Ривс е еден од омилените холивудски актери. Скромен, повлечен и добар човек. Тој често знае да испрати прекрасни пораки до јавноста и светот кои ги воодушевуваат сите луѓе. Еве уште една од нив:

Повеќето луѓе знаат за мене, но не ја знаат мојата приказна. Кога имав три години, мојот татко го напушти своето семејство. Патам од дислексија, а тоа го направи моето време во училиште болно и моето образование бавно. Мојот најдобар пријател Ривер Феникс се предозираше кога имав 23 години. Ја запознав Џенифер Сајм во 1998 година и тоа беше љубов на прв поглед. Нашата ќерка се роди мртва во 1999 година, а тоа ја уништи нашата врска. 18 месеци подоцна Џенифер го изгуби својот живот во сообраќајна несреќа. Тоа е причината поради која не сакам да имам сериозна врска и деца. Мојата помлада сестра имаше леукемија, но успеа да оздрави. 70% од заработката од „Матрикс“ ја донирав на болници кои лечат пациенти со леукемија. Јас сум една од ретките холивудски ѕвезди која не живее во вила, немам телохранители и не носам скапа облека. Иако имам преку 100 милиони долари, се возам со метро и уживам во тоа!

На крај сите можеме да се сложиме дека секоја личност може да ги преживее и најлошите трагедии и да продолжи да ужива во малите работи. Без оглед на тоа што ве мачи во моментот, можете да го победите тоа. Животот вреди да се живее!