Казна од 50 евра ако не го соберете изметот од вашиот миленик на јавни површини

Сите знаеме дека за да се биде одговорен сопственик на милениче, потребно е активно да се следат нивните движења, чекори и дела. 

Во последно време големо внимание се посветува на одговорноста на сопственикот за своето милениче кога станува збор за изметот кој го остава животното на јавните површини. Етиката го учи човекот дека таквото дело како резултат на физиолошката потреба на миленикот, треба целосно да биде исконтролирана од стана на сопственикот. 

За ваквата одговорност апелираат голем број на едукативни настани, реклами како и познати личности од естрадата. 

За да се зголеми одговорноста кај сопствениците, се јави и законот. Закон за зеленило кој меѓу другото ги опфаќа и домашните миленици. Покрај забраните за собирање на цветови од дрва, прикачување на рекламни плакати на истите, фрлање отпадоци и многу други штети, постои забрана и за уринирање и измет на зелената површина од страна на милениците. 

Законот воведува глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице, со постапка на издавање мендатен платен налог доколку миленикот врши физиолошки потреби на зелената површина. 

Се што им останува на сопствениците е да го соберат изметот кој го оставаат милениците зад себе, а со тоа и да станат добри и одговорни сопственици кои ќе бидат пример за многу други.

 

cheap nike free run 5.0